Прес Новости

Новости

Промоција на Програмата за ревитализација на Старата скопска чаршија

Прошетка низ старата скопска чаршијаПрограмата е стратешки документ што ќе овозможи преземање долгорочни мерки за ревитализација, одржлив развој, стопанско и културно реактивирање на Чаршијата, зачувување на нејзиниот идентитет и афирмација за натамошен развој.

Во присуство на премиерот Никола Груевски, градоначалниците на општините Чаир и Центар и на градот Скопје, стручни лица и амбасадори во Република Македонија, програмата ја презентираше претседателката на Националниот совет, Јасмина Хаџиева-Алексиевска. Петтогодишната програма опфаќа четири стратешки развојни подрачја - занаети, одржлив туризам, култура и угостителство и трговија. Хаџиева-Алексиевска нагласи дека приоритети се кохезија на чаршијата со градот Скопје, институционално јакнење, нови извори на финансирање, јавно-приватно партнерство за услужните дејности, подигање на свеста на граѓаните за значењето на Чаршијата.

Македонското културно наследство во книга со помош на УНЕСКО

elizabeta-kanceska-2Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство на Македонија денеска промовираа четири публикации за македонското културно наследство, објавени со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Италија и Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција.

Четирите богато илустрирани книги се посебни изданија за археолошките локалитети во Македонија, христијанските споменици, спомениците на османлиската култура и за културното наследство на Охрид. Публикациите се објавени на македонски јазик во 800 примероци и на англиски јазик во 1.200 примероци.

Претседателот Иванов се прошета низ Старата чаршија

Градоначалникот на Чаир го запозна Иванов со плановите за развој на чаршијата

ivanov-carsijaПретседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, вчера се прошета во Старата скопска чаршија и разговараше со некои од занаетчиите за животот и нивната работа. На одбележувањето на осумгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, тој сакаше да види како живеат и како меѓусебно комуницираат луѓето во чаршијата и како ги градат вредностите од нашите предци.

Низ прошетката по чаршиските сокаци градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, го запозна Иванов со сите планови за развој на чаршијата, додека од Градот бил информиран за зафатите предвидени да се реализираат во иднина.

Вкусовите на Стара чаршија

vkusovite-na-carsijataСкопската Стара чаршија ќе најде илјада начини да ви покаже дека е место каде што се среќаваат световите. Еден од нив е средбата на вкусовите на Истокот и Западот, кои ве демнат на секое сокаче по кое ќе зачекорите

Вкусови што дошле од друго време, од други светови. Небаре затворени во кутија со спомени, живеат свој живот. Нема да ги загрози ни глобализација, ни ХАСАП-систем. Вкусот на Ориентот - од појадок до легнување. Ве демнат отсекаде. Од каде и да тргнете. Вкусови што се таму низ вековите. Вкусови што е потребно само еднаш да ги пробате и никогаш повеќе без нив да не можете. Ве водиме таму, на прошетка низ Скопската чаршија, чекор по чекор по патот на вкусовите.

Базар на ракотворби во Старата скопска чаршија

rakotvorbiСекоја сабота до Нова година во Старата скопска чаршија ќе се одржува базар на ракотворби.

Базарот во организација на Општина Чаир и невладината One way започнува од утре, 3 октомври, а овој проект има за цел доближување на старите занаети до младата генерација, која во иднина би покажале интерес за изработка на ракотворби.

Лист 1 од 2