Програма Димензии на програмата

Димензии на програмата

Еколошка димензија

Акцептирана е преку мерки за рационално користење на градежните материјали, рециклажа на автентичните материјали во непосредната заштита (физичка), максимално зачувување на постојните објекти, а минимално рушење, контролиран сообраќај, подобрувања во користењето на енергетски ресурси и сл.

Културна димензија

Во Програмата,културната димензија се појавува како основен елемент за создавање заеднички идентитет кој ќе се темели на признавање и обединување на културните разлики меѓу населението во Чаршијата.

Економска димензија

Програмските мерки, средства и други алатки се насочени кон тоа да ревитализацијата се претвори во двигател на ЛОКАЛНИОТ РАЗВОЈ .

Ова е оттаму што физичката обнова на чаршијата ќе оствари одреден број нови работни места. Ревитализацијата ќе создаде исто така богатство кое ќе дојде како резултат на развивање нови стопански, културни, едукативни, туристички и друг вид на активности.

Програмата го валоризира овој ендоген потенцијал бидејќи тој ќе овозможи подобрување на конкурентноста на чаршијата, па таа ќе стане поатрактивна за населението, но и за инвеститорите и за туристите.

Социјална димензија

Социо-економската димензија во Програмата е акцептирана како приоритет со политичка позадина. Оваа заложба означува задржување на населението (сопствениците и корисниците) во чаршијата и нивно вклучување во процесот на урбаната рехабилитација, односно во ревитализацијата.

Во фокусот на овој приоритет ставен е човекот без разлика дали тој се наоѓа или не на маргините од системот.

Социјалните прашања се ставаат во контекст на економските и стопанските подрачја како што се трговија, занаетчиство, туризам, услужни дејности, култура, образование, вработување, животна средина и т.н.

Социјалните прашања се ставаат и во контекст на проблемите на застареност и неприспособеност на административните служби кои треба да ги решаваат потребите на корисниците и сопствениците на простор во чаршијата.

Физичка димензија

Создавање на своевиден дијалектички систем помеѓу физичкиот простор на чаршијата и ревитализацискиот процес (во сите фази).

Просторот на Чаршијата ќе биде подлога на која ќе се спроведуваат и иницираат такви социо-економски проекти кои ќе продуцираат позитивни ефекти во подобрувањето на  состојбата на градителското и урбано наследство.

Станува збор за моделот на интегрирана заштита во која физичката заштита и функционализацијата на недвижностите преку економски и стопански проекти ќе се во дијалектичка спрега и ќе остварат „одржлив” начин на „лечење” на состојбите