Прес Новости Старата Чаришија за старите навики, еснафите го празнуваат Рамазан

Старата Чаришија за старите навики, еснафите го празнуваат Рамазан

ishak-dzamijaКонгломерат на различни вери, етницитети, мајстори, еснафи. Старата скопска чаршија во деновите на Рамазанските пости преставува репрезентативен примерок за вербата во бога, но и за соживотот. Во потрага по одговори за големината на Рамазан, ги пронајдовме најстарите дуќанџии во чаршијата. Сарачот Мамир Демир и Берберџијата Мендо. Раскажуваат Рамазан е време за помирување, дарување молитва и време за семејството.

Помладите одат кај постарите, искараните се смируваат, нервираните се смируваат, како Прочка, Велигден така и Рамазан и Бајрам. Секој со својата религија. Четири книги, четири вери, здрави вери, саглам вери – вели бреберџијата Мендо.

Некаде прочитав, дали постои буква без писател, игла без мајстор. Така и оваа земја без створител не е. Затоа нашата вера за да го цениме повеќе Бога и да добиеме благослов, затоа постиме. Колку повеќе постиме толку повеќе веруваме – раскажува сарачот Мамир Дамир.

И сарачот и берберот и денеска како и во текот на 30 Рамазански денови постеа, но и работеа.

Во верата нема присилно, тоа е многу просто и едноставно. Некој што не сака да верува ги комплицира работите. Едноставно се решава денеска да се пости, но ако ти се слоши ти ќе одиш на лекар, ќе се напиеш апче. Па потоа само тој ден после Рамазан пак ќе го постиш. Нема морање, само сакање – вели сарачот Мамри и се насмевнува

За берберот Мендо постот е една промена во животот, да се испости снагата, да се смени крвта.

Што чаршијата раѓа мајка не раѓа имаат обичај да кажат старите дуќанџии овдека во старата скопска чаршија. Ги празнуваат и честитаа сите празници, без разлика од која вера доаѓаат и на која вера и припаѓаат. Денеска овде се славата и чествуваат Рамазанските пости.

Си поминуваме, си честитаме. Чаршија си е чаршија – вели берберот Мендо додавајќи дека отсекогаш било така.

Вечерва настапува „Ифтарот“, по зајдисонце, верниците на исламот можат да јадат и пијат. Старите мајстори ќе го пречекаат во кругот на семејството.

Сарачот Демир низ смеа вели ако вчера си купил Кисела Вода, денеска земи „Пепси“.

Дотогаш со чиста мисла ќе го пречекуваат секој случаен минувач и добронамерник во Старата скопска чаршија.