Секоја сабота до Нова година во Старата скопска чаршија ќе се одржува базар на ракотворби. Базарот во организација на Општина Чаир и невладината One way започнува од утре, 3 октомври, а овој проект има за цел доближување на старите занаети до младата генерација, која во иднина би покажале интерес за изработка на ракотворби.
Базарот ќе се одржува на уличките кај „Матекс“, чајџилницата, винотеката „Темов“ и кафулето „Дамар“. Овој настан свечено ќе биде отворен утре во 11 часот, а на него ќе присуствуваат градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, министерот за економија, Фатмир Бесими и претставници од Амбасадата на САД.
Базарот ќе биде збогатен и со забавна програма за најмладите, концерти, настапи на културно-уметнички друштва. Секоја последна сабота во месецот ќе се прави презентација на еден дефицитарен занает.
Проектот е поддржан и од Занаетчиската комора на Македонија, а се планира да прерасне во традиционална манифестација.



